• недела, 22 декември 2024

„Кога ќе се разбуди заспиеното", прва самостојна изложба на Верче Цветановска 

„Кога ќе се разбуди заспиеното

Крива Паланка, 25 јули 2024 (МИА) - Во галерискиот простор на Центарот за култура во Крива Паланка беше отворена првата самостојна изложба на паланчанката Верче Цветановска.

Вкупно 34 дела од Цветановска се дел од првото претставување на нејзиното творештво пред јавноста. Изложбата е насловена „Кога ќе се разбуди заспиеното".

- Сликам од одамна, за своја душа, создавам дела наоѓајќи едно сигурно и креативно прибежиште од брзото темпо на живот и стресот. Како сликар-наивец го негувам стилски хиперреализмот, кој подразбира сликање детални реалистични работи на големи платна. Работам со акрилни бои и низ деталите од сликите успевам да ја канализирам енергијата од секојдневните рутини во своевидна медитација низ креација. Творам повремено, бидејќи работам, имам и семејни обврски, но се трудам тој творечки занес да го одржувам во континуитет бидејќи стремам кон усовршување на овој правец во кој дефинитивно се пронајдов успешно, вели Цветановска.

Таа потенцира дека низ сликарските детали успева да ја канализира енергијата од секојдневните рутини во своевидна медитација низ креација.

- Животот ви ја крши душата, а уметноста ве потсетува дека ја имате. Така и нашата Верче, преку своите дела ја претставува својата креативна душа, вели промоторка Ѓорѓика Насевска.

Настанот е дел од„Кривопаланечко културно лето 2024" и манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата". ид/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан