• сабота, 20 јули 2024

Отворање на изложбата „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов во галеријата „Метаноја“

Отворање на изложбата „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов во галеријата „Метаноја“

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Отворање на изложба „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов денеска во галеријата „Метаноја“, со почеток во 18:00 часот. 

- Конечното уметничко дело е комплетирано преку „техне“ и „логос“ не во смисла на современиот композит „технологија“, туку во смисла на егзистенцијалната феноменологија. Овие два концепта се неизбежно поврзани на нивото на соодносот меѓу уметничкото (τέχνη) и словесното (λόγος ). Процесот на креативната концептуализација со бои и четка и  мисловната концептуализација со зборови и перо овозможуваат артикулација на она што генерички се именува како духовно. Притоа „техне“ ја претставува  естетската рефлексивност, а „логос“ ја изразува контемплативната поетичност. Куќичките, дрвјата, патеките, Сонцето и Месечината на Костуранов се уметничка поезија, вели рецензентот на изложбата, д-р Коста Милков.

Изложбата ќе трае и во текот на јануари 2024 година. ир/вг/


Фото: Галерија „Метаноја“

 

Остани поврзан