• недела, 30 јуни 2024

Остин: Путин не е во позиција да бара мир од Украина

Остин: Путин не е во позиција да бара мир од Украина

Брисел, 14 јуни 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не е во позиција“ да бара Украина да ја прекине војната.

„Тој не е во позиција да ѝ диктира на Украина што треба да направат за да воспостават мир“, изјави Остин за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Претходно денеска Путин изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите региони на Русија и да се откаже од намерата да влезе во НАТО за да започнат мировните преговори. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан