• недела, 22 декември 2024

Во руски напад на југот на Украина шестмина загинати и осуммина ранети

Во руски напад на југот на Украина шестмина загинати и осуммина ранети

Киев, 29 јуни 2024 (МИА) - Во руски напад на градот Вилњанск, во регионот Запорожје на југот на Украина, загинаа шестмина луѓе, а осуммина се ранети, соопшти денеска регионалниот гувернер Иван Федоров.

„Русите го нападнаа градот Вилњанск. Според првичните извештаи, шест цивили се убиени, а осум жители се повредени“, наведе Федоров на социјалните мрежи.

„Оштетена е критичната инфраструктура, продавница и станбени објекти“, додаде тој. ссм/

фото: Гугл мапа

Остани поврзан