• вторник, 16 април 2024

Османи утре во Брисел ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО

Османи утре во Брисел ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува во Брисел каде ќе учествува на Министерскиот состанок на НАТО.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

- На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението од МНР. бак/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан