• петок, 10 мај 2024

Османи од Рим: Јасна визија за идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес

Османи од Рим: Јасна визија за идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, учествувал на состанокот на министри за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан”, што се одржа во Рим, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, соопштија денеска од МНР.

- Поставувањето на јасна визија за идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата, нагласил Османи во обраќањето на сесијата Заедничка работа за „Забрзување на евроинтегративниот процес на Западен Балкан".

Во таа насока, стои во соопштението, тој се осврнал на концептот „Повеќе интеграција пред полноправно членство", нагласувајќи дека истиот е комплементарен со Планот за раст за Западен Балкан при што, покрај подобрувањето на демократските процеси, економската и безбедносна состојба на земјите од Западен Балкан, би придонел и за значително унапредување на отпорноста и зајакнување на заедничкиот одговор кон споделените предизвици.

Заблагодарувајќи се за иницијативата на италијанските домаќини и поддршката на земјите пријатели на регионот, министерот Османи апелирал дека во дадениот геостратешки и регионален контекст потребата од стратешко размислување и делување е поголема од било кога претходно.

- Потребно е сите заедно да ги удвоиме нашите напори за искористиување на полниот потенцијал на она што во моментов ги имаме на располагање, но и да ја задржиме амбицијата за дополнително унапредување и забрзување на интеграцијата на среден рок. Тоа ќе вбризга свеж ентузијазам за земјите и граѓаните во регионот и ќе го подобри кредибилитетот на пристапниот процес, рекол Османи, се додава во соопштението од МНР.

Во рамки на престојот во Италија, Османи имал средба и со новите носители на МКарта. цр/са/

Фото: МНР

 

Остани поврзан