• недела, 19 мај 2024

Осимен сака да го напушти Наполи и да премине во Челзи

Осимен сака да го напушти Наполи и да премине во Челзи

Рим, 25 март 2025 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен има намера да го напушти италијанскиот клуб во следниот летен преоден рок, пренесува новинарот на „Sportitalia“ Руди Галети. 

Дваесет и петгодишниот фудбалер не е задоволен од состојбата во италијанскиот клуб и планира да се пресели во Челзи.

Претходно „La Gazzeta dello Spor“ објави дека наполитанскиот клуб сака да заработи 110-130 милиони евра за него.

Оваа сезона Нигериецот одигра 24 натпревари, на кои постигна 13 гола и четири асистенции. Договорот на фудбалерот со Наполи е до крајот на јуни 2026 година. 

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 110 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан