• сабота, 04 мај 2024

Орбан свика состанок на Советот за одбрана на Унгарија поради војната во Украина

Орбан свика состанок на Советот за одбрана на Унгарија поради војната во Украина

Будимпешта, 8 јуни 2023 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан рано утринава свика состанок на Советот за одбрана на кој ќе се разговара за ескалација на конфликтот во Украина, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

На состанокот Орбан рече дека иако примирјето и мировните преговори треба да бидат приоритет, борбите во руско-украинската војна се разгореле во текот на ноќта.

- Наш приоритет ќе продолжи да биде унгарската безбедност, рекол Орбан, цитиран од Хаваси.

На средбата присуствуваа министерот за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички, министерот за полиција Шантор Пинтер, секретарот на Владата Антал Роган и началникот на Генералштабот на унгарската армија Габор Боронди. јт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан