• недела, 12 мај 2024

Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона

Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона

Белград, 4 мај 2024 (МИА)-Помина една година од масовното убиство во селата Мало Орашје и Дубона, кога 21-годишниот Урош Блажиќ уби девет и рани тринаесет лица. Најмладата жртва имаше четиринаесет години, а најстарата дваесет и пет. Масовното убиство е извршено ден по повеќекратните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

По повод годишнината од злосторството, Градот Смедерево денеска организира комеморативна програма во Мали Орашје.

Најавено е дека за време на официјалната програма ќе биде прикажан документарниот филм „Небесно друштво“ со сведоштва за животите, успесите и талентите на загинатите.

Во спомен на жртвите, на теренот до местото на злосторството ќе се игра меморијален фудбалски турнир, а Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) ги повика медиумите да ја прекинат програмата во 22:32 часот, кога ќе се случи масовното убиство.

Повереникот за заштита на еднаквоста, Бранкица Јанковиќ, по повод годишнината од убиствата во ОУ „Владислав Рибникар“ и во селата Мало Орашје и Дубона, оцени дека 3 и 4 мај се општествена пресвртница, со порака дека солидарноста и емпатијата треба да бидат вредности на кои почива општеството, а сè што отскокнува од тоа мора да се осуди.

- Во Србија, оние сили кои го живеат својот живот и го засноваат на вредностите на солидарност, разбирање, емпатија, почит, се секогаш посилни, но во тие денови се разбудија некои други општествени сили кои не размислуваат така и имаа неоправдано голем медиумски и јавен простор, па се добива впечаток дека никој ништо не научил од трагедиите, изјави Јанковиќ на РТС.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево поднесе обвинителен акт против Урош Блажиќ за масовно убиство во селата Дубона и Мало Орашје, и тој е обвинет дека со пукањето со автоматска пушка и пиштол убил девет лица, од кои двајца малолетни. По повеќе од една година во Вишиот суд во Смедерево, на 23 мај беше закажано прелиминарно рочиште пред судењето на У.Б.(22), осомничен за масовно убиство.

Со обвинението се опфатени и неговиот татко, вујко и братучедот од Крагуевац. Обвинителството предложи максимална казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и неговиот татко Р. Б. об/

Остани поврзан