• четврток, 21 ноември 2024

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Пјонгјанг, 11 мај 2024 (МИА) - Северна Кореја оваа година ќе ја опреми својата армија со нов ракетен фрлач со повеќе цевки од 240 мм, објави денеска новинската агенција КЦНА, додавајќи дека во тек е уште една надградба на артилериските способности на земјата, пренесе Бета.

Ракетниот фрлач со повеќе цевки ќе биде „распореден во единиците на Корејската народна армија помеѓу 2024 и 2026 година“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше ракетното тестирање на ракетниот систем, кој беше подложен на „техничко ажурирање“ по првото тестирање кон крајот на април.

Ким рече дека сака да го „доведе на највисоко ниво“ производството на новото оружје и најави „важна промена за зајакнување на борбените способности на артилеријата“ на земјата, објави севернокорејската новинска агенција, без да даде дополнителни детали, наведува Бета. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан