• недела, 22 декември 2024

Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина

Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина

Париз, 11 мај 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи интервенцијата на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.

Како што пренесуваат украинските медиуми, Макрон кажал дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се бори.

-Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш не исклучувам интервенција во конфликтот, рече Макрон.

Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, истовремено и владеењето на правото и општите правила.

-И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање, заклучи францускиот претседател. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан