Општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево потпишаа Меморандум за соработка за основање на ЛАГ
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 12 март 2024
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со градоначалниците на општините Гази Баба, Бобан Стефковски, на Бутел, Дарко Костовски и на Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, потпишаа Меморандум за соработка за основање на локална акциона група (ЛАГ).
Со потпишувањето на овој Меморандум сите општини, потписници партнерски ќе учествуваат во основањето на ЛАГ- локална акциона група, како и ќе направат подготовка на Стратегија за ЛАГ за локален развој на руралните средини во општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево, врз основа на законот за земјоделство и рурален развој.
Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски основањето на оваа Локална акциона група треба да придонесе кон нов пристап за развој на овие овие четири општини, со што ќе се зголемат можностите за добивање на поголеми финансиски средства за имплементација на проекти. Воедно, додаде дека развојот на руралните делови од Општина Илинден е од големо значење, затоа во наредниот период ќе се дефинираат приоритетите, мерките и насоките за реализација и имплементација на повеќе проекти.
Општина Илинден
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.