• сабота, 27 јули 2024

Општините Делчево и Берово потпишаа договор за изведување на воспитна и згрижувачка дејност на дечиња Роми

Општините Делчево и Берово потпишаа договор за изведување на воспитна и згрижувачка дејност на дечиња Роми

Делчево, 28 ноември 2023 (МИА) - Општините Делчево и Берово денеска потпишаа договор со кој се обезбедува изведување на воспитна и згрижувачка дејност на дечиња Роми во детските градинки во двете Општини.

За таа цел градоначалниците Горан Трајковски и Звонко Пекевски денеска потпишаа договори со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со кои се регулираат обврските на двете претшколски установи.

- Со договорот кој денес го потпишав, општина Делчево обезбедува изведување на воспитна и згрижувачка дејност на дечиња Роми во ОЈУДГ ,,Весели Цветови " .
Приоритет на општина Делчево е обезбедување услови за еднаков пристап и инклузија на сите деца во воспитно-образовниот процес, како и надминување на стереотипите и предрасудите во Јавните општински установи - детски градинки, истакна Трајковски.

Во рамки на потпишувањето на Договорот со Општина Берово присуствуваше и директорката на детската градинка ,,23 Август", Невенка Таковска, каде што проектот ќе биде имплементиран.

- Проектот „Инклузија на деца Роми  во предучилишно образование", има за цел да ги отстрани постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми, на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители, за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца, рече Таковска.

Активноста, како што додаваат се реализира во соработка со Советот на Европа и УНИЦЕФ, во Северна Македонија. вс/цр

Фото:МИА

Остани поврзан