• недела, 23 јуни 2024

Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерација

Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерација

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Општина Центар додели награди и пофалници на осум првенци на генерацијата и на најдобрите 13 наставници и стручни соработници во образовниот процес во општинските основни училишта за тековната учебна година. 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како што соопштија денеска од општината, им честиташе на наградените првенции наставници, во рамки на манифестација ,,Академско пладне“ што се одржа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

-Како и секоја година досега, Општината ги мотивира учениците и наставниците да останат посветени и креативни, да создаваат нов квалитет и постигнуваат резултати со кои ќе се гордееме.Со овие награди сакаме да ги охрабриме нашите првенци да продолжат да бидат успешни средношколци и дополнително да го мотивираме наставниот и стручен кадар во нашите општински училишта. Воспитувањето и образувањето на нашите деца е одговорна и важна работа од која зависи напредокот и развојот на целата држава, а за тоа ни е потребен кадар што максимално ќе се вложува во тој процес, порача градоначалникот Герасимовски.

Најдобрите ученици-полуматуранти се наградени со паричен износ од 15.000 денари, а најдобрите одделенски и предметни наставници и стручни соработници со износ од 30.000 денари,  согласно Програмата за образование за 2024 година.

Годишните награди се доделуваат по повод обележување на Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј, врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на вработените во основните училишта во Општина Центар, додека првенците на генерација ги избира самото општинско училиште.

Финансиските средства ќе бидат исплатени по завршување на изборниот процес, односно до изборот на Владата, наведиваат од Општина центар. вг/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан