Во Виница градежни работи на делови од улиците „Пере Тошев“ и „Вера Ацева“
- Неделава започнаа градежните работи за пробивање и тампонирање на делови од улиците „Пере Тошев“ и „Вера Ацева“, информира Општина Виница.
Виница, 17 март 2026 (МИА) - Неделава започнаа градежните работи за пробивање и тампонирање на делови од улиците „Пере Тошев“ и „Вера Ацева“, информира Општина Виница.
За да ја започне изведбата, Општината претходно изврши експропријација на земјиштето што е дел од трасата.

Средства за реализација на овој проект во износ од 1,5 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Виница. ис/дма/
фото: Општина Виница