Нов паркинг простор во Урбан Блок 100 во Тетово
Тетово, 29 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами денеска пушти во употреба нов паркинг простор во Урбан Блок 100. Паркингот е создаден по отстранувањето на гаражи, а сега станарите ќе плаќаат и паркинг за резиденти.
-Се работи за уредување на заедничкиот простор на овој комплекс на згради блиску до муслиманските гробишта, кое порано беше засолниште за девијантни појави. Жителите од оваа област се жалеа дека беше несигурно за нивните деца и за нив. Сега со оваа инвестиција која предвидуваше тргање на околу 30 гаражи, поплочување со бехатонски плочки на околу 1700 метри квадратни во кои е создадено паркинг место за околу 50 возила. Исто така со садење на дрвја, јавно осветлување е создадено еден простор кој личи на еден модерен град на еден европски град. Граѓаните од овие станбени згради ќе можат да утре во контакт со претријатие за паркинг за да земат паркинг место за резиденти. Овој паркинг ќе биде за станарите кои се со адреса на живеење во овој дел од градот, истакна Касами.
Градоначалникот Касами најави дека на овој начин ќе се уредат и други места во Тетово.
-Од овде најавуваме дека ќе продолжуваме да уредуваме заедничките простори на колективните станбени згради. Од следна недела ќе продолжиме со уредување на и на друг простор кај населеното место Тетовчанка каде исто така се тргнати гаражите и ќе се продолжи со уредување на истиот простор. Секаде каде порано беше неуредено и узурпиран јавен простор ние ќе продолжиме со инвестиција и враќање на тие простори на тие локации на користење на сите граѓани, рече Касами.
Според него ќе има уредување на просторот и во комплексот згради „Чешел“. На новинарско прашање Касами истакна дека е во контакт со Министерството за транспорт и врски околу почнување на процедури за проектирање и изградба на катни гаражи во центарот на градот.
-Со новите промени на законот за урбанизам општините имаат можност да планираат катни гаражи со олеснети процедури, со тоа планираме на неколку локации во центар, во заедничка соработка со државни институции на проектирање и изградба на катни гаражи. Две локации се критични позади ресторан Гранд и позади ресторан Тиволи, истакна Касами.
Според Касами, иако едно од местата има подземен простор наменет за засолниште, на истото место ќе може да се гради катна гаража. ас/дма/
Фото: МИА