• недела, 19 мај 2024

Општина Тетово: Граѓаните да пријават опасни кучиња скитници на телефонски број и е-пошта

Општина Тетово: Граѓаните да пријават опасни кучиња скитници на телефонски број и е-пошта
Тетово, 15 јули 2022 (МИА) - Општина Тетово упати повик до граѓаните да ги пријавуваат опасните бездомни кучиња на телефонски број и електронска пошта. Најавуваат дека  од понеделник започнува програмата за решавање на проблемот со бездомните кучиња. - Во рамки на проектот „Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездомни животни”, Ве известуваме дека од 18.07.2022 година (понеделник), ќе започне да функционира број за пријавување на опасни кучиња скитници кои се движат низ нашиот град. Граѓаните ќе можат да пријавуваат вакви случаи, секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот на следниот телефонски број: +38971910855 или пак, да пријават на  е-пошта: amos.tetova@gmail.com,информираа од Општина Тетово. Градоначалникот Биљал Касами минатата недела информираше дека согласно јавна набавка е избран оператор, за чија работа се издвоено околу 20 илјади евра. ас/цр  

Остани поврзан