• петок, 17 мај 2024

Општина Пехчево ја донесе годишната програма за финансирање на проекти од областа на културата и спортот

Општина Пехчево ја донесе годишната програма за финансирање на проекти од областа на културата и спортот

Пехчево, 6 февруари 2024 (МИА) – Општина Пехчево ја донесе годишната програма за финансирање на проекти од областа на културата и спортот за 2024 година. Главните активности од оваа програма и годинава се насочени кон развој на културата и спортот, а од интерес на општина Пехчево за 2024 година.

- Основна цел на Програмата за финансирање на проекти од областа на културата и спортот е да се поттикне културната и спортската дејност на општинските институции. Исто така целта е да се поттикнат и поддржат и други активности за негување на спортот, фолклорот, обичаите, вредностите кои се својствени за традицијата на нашето поднебје. Истата содржи и организирање на културни манифестации, спортски натпревари и разновидни специфични творештва, истакнаа од Општината.

Согласно програмата и годинава од Буџетот на Општината се предвидени средства за организирање на Етно Саемот и Фестивалот на Дувачки оркестри.

-За реализација на овие два настани се обезбедени 1,6 милиони денари. Фестивалот на Дувачки оркестри и Етно Саемот „Пехчевски Павловден“ веќе долги години се одржуваат за време на прославата на „Св Петар и Павле“. Годинава се предвидени на 12 и 14 јули на Градскиот плоштад во Пехчево. Согласно програмата се предвидени и други настани кои ќе се реализираат со поддршка на Буџетот и истите се објавени на општинската веб-страница, додадоа од Општината.

Годишната програма за финансирање на проекти од областа на културата и спортот за 2024 даде е усвоена со поддршка на Советот на Општина Пехчево. вс/ир

Фото: Лого Општина Пехчево

Остани поврзан