• сабота, 20 јули 2024

Општина Дебар се вклучи во консолидирање на стратегиите и плановите на локално ниво

Општина Дебар се вклучи во консолидирање на стратегиите и плановите на локално ниво

Дебар, 27 февруари 2024 (МИА) - Општина Дебар се вклучи во консолидирање на стратегиите и плановите на локално ниво, преку изработка на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 - 2027 година, информираа од општината.

-На средбата одржана во салата за состаноци во општината, присуствуваа градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, како и претставници од сите сектори во општината, кои беа запознати со методологијата на УНДП, стои во објавата.

Се додава дека оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Програмата „Зајакнување на општинските совети“ се фокусира на неколку компоненти преку кои се подобруваат капацитетите на општините за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните. вт

Фото: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан