Во село Ратево започна приклучувањето на резервоарот за вода со постојната водоводна мрежа
- Во беровското село Ратево започна реализацијата на проект за приклучување на резервоарот за вода за пиење со постојната водоводна мрежа. Со инвестицијата, жителите на селото ќе добијат подобрен и сигурен пристап до квалитетна и безбедна вода за пиење, со што трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.
Берово, 20 август 2025 (МИА) - Во беровското село Ратево започна реализацијата на проект за приклучување на резервоарот за вода за пиење со постојната водоводна мрежа. Со инвестицијата, жителите на селото ќе добијат подобрен и сигурен пристап до квалитетна и безбедна вода за пиење, со што трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.
-Овој проект е од особено значење за зголемување на животниот стандард и подобрување на условите за живеење во ова рурално подрачје. Очекуваме градежните активности да завршат во рок од шест месеци, изјави градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Во рамки на проектот ќе се изврши поврзување на резервоарот, кој е приклучен на системот за водоснабдување од филтер станицата во Берово, со постојниот резервоар во селото Ратево, преку нов вод и реновирана пумпна станица.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 9.023.147 денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Берово. вс/aa/
Фото: МИА