Ќе се проширува булеварот „Браќа Ѓиноски“ пред општинската зграда во Гостивар
- Со завршувањето на процесот на експропријација на еден објект, гостиварската локална самоуправа ќе го решава проблемот со отежнатиот сообраќај по булеварот „Браќа Ѓиноски“ во близина на општинската зграда. Новото решение предвидува четири коловозни ленти, на потегот од кујната крстосницата кај „старата банка“ до мостот кај Основниот суд.
Гостивар, 20 август 2025 (МИА) – Со завршувањето на процесот на експропријација на еден објект, гостиварската локална самоуправа ќе го решава проблемот со отежнатиот сообраќај по булеварот „Браќа Ѓиноски“ во близина на општинската зграда. Новото решение предвидува четири коловозни ленти, на потегот од кујната крстосницата кај „старата банка“ до мостот кај Основниот суд.
Од општината посочуваат дека во тек е решавањето на првата фаза од експропријацијата со што се создадени услови за започнување со градежните активности.
– Во изминатиов период интензивно работевме на експропријација. Една од постапките што веќе ја завршивме е за објект на булеварот „Браќа Ѓиноски‘, кој припаѓа на Урбан блок 2. Тоа ќе овозможи овој сегмент да се уреди како булевар со четири ленти, вели вд градоначалникот Лимани.

Како значаен проект кој ќе се реализира во наредниот период е просторот покрај железничката пруга. Експропријација е завршена и на објекти по улицата од која води од железничката станица до населбата Питарница.
– Паралелно со тоа, имаме и три други постапки за експропријација кои се во тек, со што ќе се отворат уште три нови улици. Има многу барања и ние се обидуваме едно по едно да ги решаваме и на граѓаните да им овозможиме слободно движење, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани.
Од општинскиот буџет се издвоени над 300 илјади евра само за овие две експропријации. Освен на новите проекти, Лимани најави дека по прекинот на работите на улиците „Беличица“ и на влезот од градот заради присуството на иселениците, ќе продолжат овој викенд. згм/аа/
Фото: МИА