Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија
- Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави, нагласуваат од Министерството за транспорт.
Скопје, 20 август 2025 (МИА) - Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден што се слави во чест на Свети Стефан - основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија, информираат попладнево од Министерството за транспорт.
- Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави, нагласуваат од Министерството.
Во соопштението се додава дека посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу нашата држава и Унгарија. бд/aa/
Фото: „Фејсбук“ - страница на вицепремиерот Александар Николоски