• петок, 22 ноември 2024

Општина Битола почна со новогодишно украсување на градот

Општина Битола почна со новогодишно украсување на градот

Битола, 10 декември 2023 (МИА) - Општина Битола почнува со новогодишното украсување градот, а првите новогодишни светилки од синоќа се поставени во Старата битолска чаршија и над мостовите на реката Драгор во тој дел од градот.

Новогодишното украсување продолжува кај Саат-кулата, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом каде празничната слика ќе биде комплетирана со новогодишна елка.

На сите локации со активно учество и придонес на дуќанџиите, бизнис-секторот, културно-забавните уметници и актери, како и на сите заинтересирани субјекти во наредниот период ќе се одвива програма која има цел да создаде вистинска атракција за сите посетители, соопштија од Општина Битола. мт/хс/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан