• понеделник, 13 мај 2024

Општина Битола објави јавен повик за субвенционирање велосипед

Општина Битола објави јавен повик за субвенционирање велосипед
Битола, 26 април 2022 (МИА) - Општина Битола објави јавен повик за граѓаните заинтересирани да аплицираат за надомест на дел од трошоците за купување велосипед. Од општината информираат дека јавниот повик е во рамки на програмата за заштита на животната средина донесена од Советот на Општина Битола и се однесува на граѓаните на подрачјето на општината, за купување велосипед. Барањата за искористување на правото за надомест на дел од трошоците заедно со комплетната документација ќе се доставуваат на шалтерите на општината секој работен ден до 5. мај 2022 година, при тоа, едно лице може да достави само едно барање. Право на учество на јавниот повик имаат жителите на општина Битола кои ќе купат велосипед во периодот од денот на објавување на јавниот повик, односно од денес до 5 мај. Бројот на лица кои ќе добијат средства е ограничен до висина на предвидениот износ на буџетот на Општина Битола, а распределбата на средствата ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен“, нагласија од тамошната локална самоуправа.мт/фф/

Остани поврзан