• петок, 17 мај 2024

ОН предлагаат да се намали пластичниот отпад за 80 отсто до 2040 година

ОН предлагаат да се намали пластичниот отпад за 80 отсто до 2040 година

Њујорк, 16 мај 2023 (МИА) - Земјите можат да го намалат загадувањето со пластика за 80 отсто до 2040 година со примена на постојната технологија и воведување големи промени во политиките, се наведува во новиот извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) објавен во понеделникот.

Телото на ОН со седиште во Кенија ја објави својата анализа на политичките опции за справување со кризата со пластичниот отпад две недели пред земјите да се соберат во Париз на вториот круг разговори за да изготват глобален договор за елиминирање на пластичниот отпад.

Извештајот се фокусира на три главни пазарни промени потребни за да се создаде „циркуларна“ економија што ќе ги одржува произведените артикли во оптек што е можно подолго: повторна употреба, рециклирање и префрлање на пакувањето од пластика на алтернативни материјали.

„Ако ги следиме овие насоки, вклучително и преговорите за договор за загадување со пластика, можеме да постигнеме големи економски, социјални и еколошки придобивки“, рече Ингер Андерсен, извршна директорка на УНЕП.

Преговорите за договорот, познати како INC2, ќе се одржат од 29 мај до 2 јуни и се очекува да резултираат со клучни параметри за првиот нацрт на договорот, кој треба да биде подготвен пред третиот круг разговори во Кенија во ноември. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан