• недела, 22 декември 2024

Околу 680 милиони денари од средствата за капитални проекти во општините се за заштита на животната средина

Околу 680 милиони денари од средствата за капитални проекти во општините се за заштита на животната средина

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Животната средина е наш приоритет. Околу 680 милиони денари од средствата кои ќе се вложат за реализација на капиталните проекти во општините се наменети за заштитата на животната средина, вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Да, има и такви проекти. Се разбира, животната средина е наш приоритет и многу се вложува тука. Се работи на тоа бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Има некаде околу 680 милиони денари проекти коишто се дел од заштитата на животната средина и продолжуваме и понатаму да инвестираме во животната средина во оние програми коишто веќе ги имаме од минатото. Добив информација дека почнува проектот постепено да се реализира за пречистителната станица во Битола, слично нешто очекувам и за Тетово. Скопскава гледам почнува да се задвижува итн. Сакам да кажам дека апсолутно ни се приоритет тие проекти, рече Мицкоски на новинарско прашање пред обраќањето на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“. вг/лв/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан