ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да продуцира лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто губи на анкетите
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 22 декември 2024
СДСМ наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на промени.
Одговорот лежи во Венко Филипче, Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Додека СДС ја занимава јавноста со измислени теми, тие не сфаќаат дека станаа гума за спасување на Артан Груби, Ахмети и ДУИ.
Толку да се секираше за себе колку што се секира за ДУИ и Груби, можеби ќе одговореа зошто не се оградуваат од криминалот на Ковачевски во истиот случај за кој се сомничи и Артан Груби. Односно како може Груби да бил лопов според СДС, ама неговиот шеф во таа влада Ковачевски да е крив.
Таквата лицемерна политика СДС ги носи на дното на сите анкети кои мерат рејтинг.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.