ДУИ: Владата да го донесе Законот за рестриктивни мерки, секое одложување е чин на предавство кон граѓаните
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 22 декември 2024
Кои олигарси се заштитуваат?
Зошто Владата одбива да го донесе Законот за Рестриктивни Мерки, кој спречува лицата санкционирани од САД и ЕУ да имаат пристап до политичкиот живот и јавните ресурси?
Овој закон не е избор, туку неопходност.
Одбивањето или одолговлекувањето на неговото донесување отвора сериозни сомнежи за мрачни влијанија и заштита на интересите на олигарсите.
Јавноста бара јасни одговори: За кого работи Владата? За граѓаните, или за своите спонзори и привилегирани олигарси?
Рестриктивните мерки се тест за интегритетот и решителноста за праведна и европска иднина.
Секое одложување е чин на предавство кон граѓаните на оваа земја.
Демократска унија за интеграција - ДУИ
______________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.