• четврток, 18 април 2024
Од верските календари

18 февруари 2024 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 февруари.

Денеска е Св. маченица Агатија (Прочка - Велики поклади).

Агатија потекнуваше од градот Палермо, на островот Сицилија, од видни и богати родители. За време на цар Декиј (249-251) почнал страшен прогон на христијаните. Штом веста за тоа стигнала до Сицилија, Агатија почнала да се подготвува за мачеништво. Управникот на областа Квинтијан испратил војници, кои ја спровеле Агатија до градот Катанија. Таму ја сместил кај една распусна жена со намера оваа да повлијае на света Агатија. Кога тој обид пропаднал попусто, Агатија била изведена на суд, затворена и мачена. Во затворот го предала духот на Бога. Месните христијани го зеле и го погребале нејзиното тело, а подоцна врз моштите била подигната црквичка.


ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Шимун.

Тој бил втор ерусалимски бискуп. Како христијански бискуп и Давидов наследник во првите години од владеењето на царот Трајан, паганите и Евреите го обвиниле за прогонствата на христијаните. Поради верата во Христос, во 107 година бил мачен, а потоа распнат на крст. Гледачите во арената биле зачудени што не сакал да се одрекне од христијанската вера и бидејќи на 109-годишна возраст бил многу издржлив во маченичката смрт.

###

Остани поврзан