• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Муртезани со швајцарската амбасадорка Улман Марти

Средба на министерот Муртезани со швајцарската амбасадорка Улман Марти

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денес се сретна со Вероник Улман Марти, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија. Како што соопшти СЕП, Муртезани и Улман Марти ги потврдија одличните билатерални врски кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Швајцарија.

-На состанокот беше изразена заемно задоволство од одличната комуникација на политичко и економско ниво, потврдувајќи ги заложбите за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и севкупната соработка. Министерот Муртезани се заблагодари за континуираната поддршка и развојната помош од Швајцарија за Северна Македонија, тесно поврзана со реформските процеси и усогласувањето со стандардите на Европската Унија, јакнењето на институциите, рамномерниот регионален развој и заштитата на животната средина, наведува СЕП.

Министерот ја нагласи значајноста на долгогодишната блиска соработка во рамки на швајцарската развојна програма, што се рефлектира и во Стратегијата за Северна Македонија за периодот 2021 – 2024, со која се предвидени 65 милиони швајцарски франци за посочените тематски приоритетни области.

-Особена благодарност беше изразена и за финансиската поддршка од Швајцарија за проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), а имплементиран од УНОПС Скопје, информира СЕП. мч/ац/

Фото: СЕП

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан