• понеделник, 23 декември 2024

Собраниска делегација положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Собраниска делегација положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, придружуван од пратениците Сергеј Попов, Митко Трајчулески, Дијана Тоска, Даниела Белимова и Амар Мециновиќ, по повод 61-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе на Градските гробишта Бутел.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат достава на храна, а Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарни организации од многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. сст/ац/

Остани поврзан