• недела, 12 мај 2024

Одделот за интервентна кардиоваскуларна хирургија во Тетово надмина 10 илјади интервенции

Одделот за интервентна кардиоваскуларна хирургија во Тетово надмина 10 илјади интервенции

Тетово, 16 ноември 2023 (МИА) - Над 10.000 пациенти се третирани во одделот за интервентна кардиоваскуларна хирургија при Клиничката болница Тетово, информираа денеска од таму на средба со новинарите.

Оваа бројка на интервенции е направена за девет години колку што постои одделот.

- Ова е добра приказна за градот, нашиот оддел станува голем регионален центар имаме пациенти од цела Македонија, тоа е чест. Тука се третирале над 10.000 пациенти, доаѓаат со ендоваскуларна патологија, имаме планови за наредната година да се прошириме со добивање на нови апарати. Оваа борба и добра приказна за градот ќе продолжи и ова ќе биде стимул младите генерации да продолжат со работа. Имаме покачување на бројот на пациенти. Пред седум години сме работеле со пациенти и над 70 отсто од нив биле од Тетово, сега 30 отсто од пациентите се од Тетово, другите се од другите градови. Бројката на пациенти од Тетово останува иста, но сега имаме повеќе пациенти. Имаме план со директорот да се вработи повеќе медицински персонал. Овој центар работи исто така и како едукативен центар, посочи доктор Ваљон Асани.

Освен битката за здравјето на пациентите, персоналот се соочува и со личен предизвик да се зачува здравиот организам. Причината е во обемот на работа и малку медицински кадар, па повеќе се изложени на зрачење.

- Ние сега го добивме најновиот апарат, којшто за разлика од другите апарати има помалку зрачење. Така имаме мерења, внимаваме на себе да не се изложуваме многу на опасност. Алиштата треба да се менуваат дека и тие акумулираат зрачење. Овие проблеми ги имаат речиси сите кои ја работаат оваа професија. Верувам дека ние сме тука за пациентите и пациентите треба да не третираат подобро и да имаат повеќе разбирање. Верувајте дека има премногу работа има радијација, истакна на прес-конференцијата доктор Ваљон Асани.

Според раководителот на одделот списокот на чекање кај нив е сведена на помалку од три дена. ас/мд/

фото: МИА 

Остани поврзан