• вторник, 30 април 2024

Објавена книгата „Претседатели и градоначалници на Општина Битола 1944-2022“

Објавена книгата „Претседатели и градоначалници на Општина Битола 1944-2022“

Битола, 28 декември 2023 (МИА) - Објавена е книга „Претседатели и градоначалници на Општина Битола 1944-2022“ чиј автор е универзитетскиот професор Трајко Огненовски.

Во книгата хронолошки се обработени и публикувани податоци, почнувајќи од првиот повоен градоначалник на Битола, Крсте Р. Симовски, избран на 4 ноември 1944 година се до актуелниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, како и сите избрани претседатели на Собранието, односно Советот на Општина Битола.

- Книгата претставува неделлив дел на историјата на Општина Битола. Секој претседател и градоначалник се грижел и се грижи да ги подобри условите во општината, зад себе да остави печат кој ќе донесе подобри можности за развој и поубава слика за Битола. Битолчани заслужуваат да знаат повеќе за луѓето кои раководеле со општината, за претседателите и градоначалниците, за резултатите постигнати во различни периоди, посочи градоначалникот Коњановски во предговорот на книгата.

Според изнесените податоци, во периодот од 1944 до 2022 година, Општина Битола имала 27 градоначалници, во периодот од 1974 до 1991 година имала 5 претседатели на тогашниот Извршен Совет на Општина Битола, а од 1996 до 2022 година функцијата претседател на Советот на Општина Битола ја вршеле 8 лица, од нив 3 жени и 5 мажи. мт/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан