• петок, 22 ноември 2024

Пад на прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

Пад на прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Пад на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 5,2 проценти, а реално за 5,1 процент, регистрира Државниот завод за статистика во март годинава во однос на  март лани. 

ДЗС денеска објави дека во трговијата на мало гледано по групи и класи зголемување на прометот е забележано во групите:  Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално  за 9,9 проценти, а реално за 5,9 проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално  за 4,7 проценти, а реално за 0,6 проценти), додека во  групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун зголемување има само номиналната стапка за 0,1 процент, а во реалната има намалување за 4,1 процент.лв/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан