• среда, 15 мај 2024

Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд

Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневната температура од четврток ќе биде во постепено опаѓање. 

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен
правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Времето во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи до 26 степени. сст/са/

фото МИА архива

 

Остани поврзан