• среда, 03 јули 2024

Норис за второто место во Бразил: Не можеше да биде подобро

Норис за второто место во Бразил: Не можеше да биде подобро

Сао Паоло, 6 ноември 2023 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е презадоволен од пласманот на второто место на трката од Формула 1 шампионатот возена вчеравечер за Големата награда на Бразил.

- Одлично, не можеше да биде подобро. Добро темпо, стартот беше многу успешен. Тоа беше пријатно изненадување. Среќен сум, второто место е се што можеме да добиеме во моментов. Макс секогаш изгледаше дека има одговор за сè, но да бидеме фер, тој извози добра трка, изјави Норис.

Големата награда на Бразил ја освои возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. Оваа победа беше 52-ра во кариерата за холандскиот возач. Првата тројка ја комплетираше Фернандо Алонсо, кој вози за Астон Мартин.

Во поредокот за возачи, 23-годишниот Норис е петти со 195 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан