• недела, 22 декември 2024

Хезоња уште пет години во Реал Мадрид

Хезоња уште пет години во Реал Мадрид


Мадрид, 2 јули 2024 (МИА) – Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња го продолжи договорот со шпанскиот шампион Реал Мадрид за уште пет сезони, соопшти денеска мадридскиот клуб.
Шпанските весници Марка и Мундо Депортиво пред две недели објавија дека 29-годишниот Хезоња потпишал договор со Барселона, откако наводно не успеал да се договори за продолжување на соработката со Реал, што се покажа дека не е вистина.
„Реал Мадрид и Марио Хезоња постигнаа договор околу продолжувањето на договорот, со што играчот ќе се врзе за клубот во следните пет сезони (до летото 2029 година)“, се наведува во соопштението на мадридскиот клуб.
Хезоња во Кралскиот клуб дојде летото 2022 година од рускиот УНИКС Казан и со Реал освои пет титули. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан