• понеделник, 23 декември 2024

ЛШ: Шахтјор ќе биде домаќин во Гелзенкирхен

ЛШ: Шахтјор ќе биде домаќин во Гелзенкирхен


Гелзенкирхен, 2 јули 2024 (МИА) – Украинскиот фудбалски првак Шахтјор Доњецк своите домашни натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ) во новата сезона ќе ги игра на стадионот на Шалке во Гелзенкирхен, соопштија денеска двата клуба.
Шахтјор ќе одигра четири натпревари на стадионот со капацитет од 62.000 седишта во Гелзенкирхен, а Шалке објави дека договорот важи и за сите натпревари во нокаут фазата.
Шахтјор не може да игра натпревари во Украина поради војната со Русија која почна во февруари 2022 година.
Минатата сезона Шахтјор играше како домаќин во Хамбург, а во сезоната 2022/23 беше домаќин во Варшава. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан