Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција
- Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција која ја добил додека бил на одмор.

Осло, 27 февруари 2024 (МИА) - Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција која ја добил додека бил на одмор.
„Неговото височество кралот се разболе за време на неговиот одмор во Малезија и таму беше хоспитализиран поради инфекција“, се вели во соопштението на норвешкото кралско семејство.
Во соопштението се наведува дека за 87-годишниот крал Харалд Петти се грижи малезиски и норвешки медицински персонал. ссм/