• среда, 01 мај 2024

Нов удар за Манчестер Јунајтед

Нов удар за Манчестер Јунајтед

Манчестер, 24 април 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед би можел да остане без напаѓачот Маркус Рашфорд и играчот од средниот ред Скот Мектомини за нивниот натпревар во Премиер лигата против Шефилд Јунајтед, изјави менаџерот Ерик тен Хаг на прес-конференцијата пред дуелот.

Рашфорд имаше одлична сезона 2022/2023 со 30 гола во сите натпреварувања, но англискиот репрезентативец оваа година постигна само осум голови. Мектомини има десет гола во сите натпреварувања.

-Имавме проблем и со Алехандро Гарначо. Затоа го заменивме на нашиот претходен натпревар, но мислам дека е добро. За Скот ќе видиме, но надежите не се големи. Маркус е исто така под знак прашалник, но Бруно Фернандеш може да ни биде на располагање и покрај проблемите со раката. Сепак, имаме мали сомнежи и за него, изјави Тен Хаг.

Лисандро Мартинез, Рафаел Варан, Виктор Линделоф, Џони Еванс, Лук Шо и Тајрел Маласија сигурно ќе го пропуштат следниот натпревар на Јунајтед.дс

Фото: Архива

Остани поврзан