• четврток, 09 мај 2024

Кејн: Можеме да извлечеме многу позитивни елементи од ремито со Реал

Кејн: Можеме да извлечеме многу позитивни елементи од ремито со Реал

Минхен, 1 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн се осврна на синоќешното реми со Реал Мадрид.

Баерн на домашен терен одигра 2:2 со фаворизираниот Реал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

- Ова се големи натпревари. Атмосферата денеска беше неверојатна. Сигурен сум дека и следната недела ќе биде исто. Сакам да бидам дел од овие големи натпревари и нема ништо поубаво од тоа. Можеме да земеме многу позитиви работи од денешниот натпревар. Има неколку мали детали што треба да ги поправиме бидејќи се виде дека лесно можеме да бидеме казнети и за најмали грешки. Позитивниот став мора да го пренесеме и на реваншот, изјави Кејн.

Возвратниот натпревар ќе се игра на 8 мај на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. 

Во втората полуфинална пресметка на елитното фудбалско натпреварување ќе се соочат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен. Првиот натпревар се игра вечер од 21 часот во Дортмунд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан