• петок, 22 ноември 2024

Американската тениска федерација ќе плати висока глоба по тужба за сексуално насилство

Американската тениска федерација ќе плати висока глоба по тужба за сексуално насилство


Њујорк, 8 мај 2024 (МИА) – Американската тениска асоцијација мора да ѝ плати отштета на тенисерката Кајли Мекензи (25) во износ од девет милиони долари по тужба за сексуален напад, објави денеска Атлетик.
Тенисерката ја поднесе тужбата во 2022 година.
Во текот на судскиот процес беше откриена вмешаност на нејзиниот тренерот во сексуално насилство.
Инцидентот датира од 2018 година, кога Мекензи беше на 19-годишна возраст, а нејзиниот тренер Анибал Аранда на возраст од 34 години.
Судот пресуди дека американската тениска Федерација не успеала да ја заштити тенисерката.
Мекензи во 2015 година дојде до четвртфиналето на УС Опен. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан