• недела, 22 декември 2024

Нова опрема во средното економско училиште и гимназијата во Битола

Нова опрема во средното економско училиште и гимназијата во Битола

Битола, 22 јануари 2024 (МИА) - Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ во Битола, второто полугодие го почна со нова ИКТ опрема и нов мебел за училниците во училиштето.

Во училиштето, извршена е реконструкција на влезните скали, во вредност од 292 илјади денари, набавен е нов мебел во вредност од 596 илјади денари, кој вклучува 64 ученички столчиња, 32 клупи, 8 катедри, 40 шкафчиња за наставници и друг канцелариски мебел.

Второто полугодие за учениците почна и со нова ИКТ опрема, во вредност од 214 илјади денари, информираа од Општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски освен во средното економско училиште, нова опрема промовира и во гимназијата „Јосип Броз Тито“ каде во кабинетот за странски јазици направена е библиотека, уреден е кабинетот за историја и географија, и изработени се проектни документации за промена на внатрешна столарија – врати, плочки на третиот кат, како и промена на плочки и осовременување на хемискиот кабинет, проект за санација на партерен ѕид, промена на дел од ограда од ковано железо и санација на надворешни скали. мт/дма/


Фото: Општина Битола

Остани поврзан