• недела, 19 мај 2024

Николов ја побара поддршката од штипјани за реализација на проектите

Николов ја побара поддршката од штипјани за реализација на проектите

Штип, 14 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција истакна дека последните четири години како локална власт покажале како треба да се работи и менаџира со парите на граѓаните и како домаќински и транспарентно да се води една општина. Посочи дека во текот на кампањата, низ разговори со граѓаните и преку маалските митинзи ја презентирал својата визија како треба да се развива градот.

-Сакам да потенцирам дека одговорно стојам зад проектите кои ги најавив пред само 9 месеца кога ја побарав вашата поддршка. Ќе споменам само дел од нив, кои во моментов се во фаза на реализиција. Започна градењето на пешачките конзоли покрај река Отиња, во завршна фаза е целосната реконструкција на улица „Панче Караѓозов“, во тек е реконстукција на улицата „Личка“. Течат активностите за изградба на канализациска мрежа во населба Караорман, изготвено е идејно решение и многу скоро започнува решавањето на крстосницата во населба Сењак, рече Николов.

Забележа дека населбата Македонка се приклучува на градскиот водовод, а се решива и  проблемот со водоснабдувањето со приклучување на Хидросистемот Злетовица, во тек е и изградбата на  брана на река Отиња.

-Ве повикувам да ги разгледате добро нашите проекти, нашата понуда и да споредите со предложеното од ВМРО-ДПМНЕ. Кај нас ќе видите издржани проекти, проектирани според реални состојби, во рамките на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план. Кај нив, ќе видите желботека, седнале и мислеле како да ги измамат гласачите еднократно, без да водат сметка за буџети или реални проекции, вели Николов.

Тој ја побара поддршка од граѓаните на Штип за целосна реализација на проектите. вдј/мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан