• сабота, 11 мај 2024

Никола Јокиќ го загуби трофејот МВП на финалето

Никола Јокиќ го загуби трофејот МВП на финалето

Денвер, 15 јуни 2023 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ призна дека го загубил трофејот МВП од финалето на НБА во 2023 година.

 

Водителката на „ESPN“, Малика Ендрјус, рече дека и е прв пат да интервјуира МВП играч на финалето, кој дошол без трофеј во рака.

 

- Навистина не знам каде е. Го оставив во просториите на нашиот менаџер за опрема, а потоа пехарот исчезна некаде. Така што поим немам. Се надевам дека некако ќе заврши кај мене дома, рече Јокиќ.

 

Србинот стана првиот играч во историјата на НБА кој е лидер во плејофот во поени, скокови и асистенции.

 

Денвер нагетс ја освоија првата титула во историјата, победувајќи го Мајами хит во финалната серија со 4:1. зс/

 

Фото: Фејсбук Јокиќ

Остани поврзан