• сабота, 18 мај 2024

Бразил без Нејмар, Ришарлисон и Касемиро на Копа Америка

Бразил без Нејмар, Ришарлисон и Касемиро на Копа Америка

 

Рио де Женеиро, 10 мај 2024 (МИА) – Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Доривал денеска го објави списокот на играчи за Копа Америка, а во него ги нема поранешните репрезентативци Нејмар, Ришарлисон и Касемиро.

Купот на Америка ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули во САД, а Бразил е во група со Колумбија, Парагвај и Костарика.

Титулата ја брани актуелниот светски првак Аргентина.

Доривал повика 23 фудбалери:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Бенто (Атлетико Паранаенсе), Едерсон (Манчестер Сити)

Одбрани: Бералдо (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Габриел (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Данило (Јувентус), Јан Куто (Жирона), Гиљермо Аранја (Атлетико Минеиро), Вендел (Порто).

Среден ред: Андреас Переира (Фулам), Бруно Гимараеш (Њукасл), Даглас Луис (Астон Вила), Жоао Гомес (Волвс), Лукас Пакета (Вест Хем)

Напаѓачи: Винисиус Јуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Габриел Мартинели (Арсенал), Рафиња (Барселона), Еванилсон (Порто), Савињо (Жирона), Ендрик (Палмеирас). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан