• петок, 17 мај 2024

Нејмар ослободен за случајот за корупција при трансферот во Барселона од Сантос

Нејмар ослободен за случајот за корупција при трансферот во Барселона од Сантос
Париз, 28 октомври 2022 (МИА) - Нејмар е ослободен од обвиненијата за корупција поради неговиот трансфер во Барселона од Сантос. Шпанското обвинителството го ослободи напаѓачот на ПСЖ и сите други лица вклучени во зделката. Тужбата против 30-годишниот играч, неговите родители, поранешните претседатели на Барселона, Хосеп Бартомеу и Сандро Росел, и поранешниот директор на Сантос, Одилио Родригез, ја покрена „DIS“ (инвестициска компанија од Бразил). Тужителот побарал за Нејмар пет години затвор и 150 милиони евра отштета. Бранителот по говорите на сите обвинети во судот изјави дека „нема ни навестување за кривично дело“. Тој побара сите обвинети да бидат ослободени. ДИС имаше 40% од правата за трансфер на играчот, кои ги стекна во 2009 година, на почетокот на магијата на Нејмар во Сантос. Компанијата тврдеше дека не ја добила сумата што и следува од трансферот на Нејмар во Барселона од бразилскиот клуб. зс/

Остани поврзан