• среда, 15 мај 2024

Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот

Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот

Ерусалим, 30 април 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафа, град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци.

Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафа за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор“.

Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на огнот, како и ослободување на последните заложници од Газа.

Нетанјаху вети дека ќе постигне „тотална победа“ во војната што започна на 7 октомври, но се соочува со притисок да не започне офанзива во Рафа.

Израел смета дека тој град е последното големо упориште на Хамас. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан