• недела, 22 декември 2024

ОН: Речиси 5,9 милиони деца во Нигерија се соочуваат со криза со храна и неухранетост

ОН: Речиси 5,9 милиони деца во Нигерија се соочуваат со криза со храна и неухранетост

Њујорк, 15 мај 2024 (МИА) - Обединетите нации објавија дека 5,9 милиони деца во североисточна Нигерија се соочуваат со сериозна криза со храна и неухранетост.

Во Абуџа, главниот град на Нигерија, ОН организираа настан наречен „План за безбедност на храната во сушната сезона 2024 година“.

Координаторот на ОН за хуманитарна помош за Нигерија и резидентен координатор Мохамед Фол, говорејќи на отворањето на програмата, рече дека сојузните држави Адамава, Борно и Јобе во североисточниот дел на земјата биле погодени од „терористички инциденти“.

Фал рече дека 5,9 милиони деца во тие сојузни држави се соочуваат со сериозна криза со храна и неухранетост, што е најголема бројка во светот.

-Исто така, околу 700.000 деца на возраст под пет години се неухранети во сојузните држави Адамава, Борно и Јобе, посочи тој.

Фал истакна дека за реализација на овогодинешниот проект е потребен фонд од 306 милиони долари, наменет за 2,8 милиони луѓе, за да се спречи кризата со храна и неухранетост во земјата да се претвори во катастрофа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан