• недела, 22 декември 2024

Нетанјаху изјави дека наскоро може да се постигне договор за заложниците во Газа

Нетанјаху изјави дека наскоро може да се постигне договор за заложниците во Газа

Ерусалим, 23 јули 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им рекол на семејствата на заложниците кои се држат во Газа дека наскоро може да се постигне договор кој ќе обезбеди ослободување на нивните најблиски, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од неговата канцеларија.

„Дефинитивно се создаваат услови. Ова е добар знак“, рече Нетанјаху во Вашингтон, каде што се очекува да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и да се обрати во Конгресот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред неколку дена рече дека преговарачите „се приближуваат до крајната цел“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан